Обезбедете си ги алатките за Вашиот корпоративен успех

Со Вашата индивидуална Cashback World Partner Program, поедноставно ќе добивате нови потрошувачи, а и континуирано ќе го зголемувате прометот, по пониски цени. Од нас добивате вредни алатки за зголемување на прометот, за стекнување нови потрошувачи, за задоволство на потрошувачи и за индивидуална комуникација со потрошувачите.

 

Дополнително, станувате Трговски партнер во Cashback World, а со тоа и дел од меѓународна Shopping Community во којa 14 милиони членови добиваат Cashback и Shopping Points за купувањата кај претпријатијата што учествуваат. Поради тоа, купувајте со Вашата Casback Card кај овие Трговски партнери. Сакате да дознаете повеќе? Погледнете ги нашите производи или контактирајте нè!.

Атрактивно со Предности од пазарување

Cashback World Partner Програмите Ви ја отвораат вратата кон меѓународната Shopping Community на Cashback World и на нејзините 14 милиони членови Тука ќе бидете рекламирани како Трговски партнер, кај кого членовите добиваат Cashback и Shopping Points за нивните купувања.

Со овие предности Вие станувате атрактивни и за други потрошувачи, кои преку Вас ќе сакаат да станат членови на Cashback World. Заедно со другите можности на Вашата Cashback World Partner Program, добивате многубројни алатки за зголемување на прометот.

Предности од пазарување самите Вие ги користите

Покрај можностите за стекнување нови потрошувачи и нивно лојално врзување за Вас, и Вие како претпријатие профитирате од предностите од пазарувањето во Shopping Community. Благодарение на специјалните понуди за Вашите корпоративни купувања во Cashback World, Вашата соработка со нас ќе биде уште поатрактивна.

Cashback World Partner Програмите

Пронајдете ја сега посакуваната програма, која ќе му помогне на Вашето претпријатие да дојде до поголем успех како дел од Cashback World Shopping Community.

Partner Program

Partner Program

Со Partner Program, членовите на Cashback World можат да собираат предности од пазарењето со помош на Cashback Card. На тој начин, Вие ќе станете атрактивна шопинг дестинација за купувачи од целиот свет.

MKD 15 900,00*
eднократно
ИзберетеДополнителни информации
Partner Program Premium

Premium Partner Program

Работете со лојалноста на потрошувачите на професионално ниво. Покрај можностите на Partner Program, Вие регистрирате членови и лојални потрошувачи, добиватесопствени Cashback Cards и многу алатки за лојално поврзување на потрошувачи.

MKD 31 800,00*
потоа месечно MKD 1 590,00
ИзберетеДополнителни информации

Многубројните функции на Cashback World Програмите

Многу алатки во добро обмислена програма


Со Cashback World Partner Програмите, добивате многу функции, кои Ви нудат опции за остварување на долгорочен раст на Вашето претпријатие.

 

Повеќе информации

Совршеното решение и за Вашиот сектор

Секој сектор има сопствени услови, но опциите во нашите програми ќе ги исполнат сите. Нашето долгогодишно искуство во сите сектори нѐ прави совршен партнер за Вас.

Eлектричар

Eлектричар

Eлектричар

Како електричар, многу ќе профитирате и од препораки - ретко ваквите услуги се потребни секојдневно Затоа е уште поважно, Вашите потрошувачи да се сеќаваат на Вас. Со помош на редовниот Newsletter со совети за заштеда на струја или нови предлози од областа на електрониката или честитки за среќен роденден, ќе се осигурате дека Вашите потрошувачи ќе Ве запомнат и дека ќе Ве препорачаат на своите познаници.

Фризер

Фризер

Фризер

Во секторот на фризери, личниот однос со муштериите игра најголема улога. Тие секогаш мора да се негуваат, а грешките многу брзо ќе направат да Ве заменат со конкуренцијата во соседството. Затоа, управувањето на односите со клиентите е на прво место. Особени понуди за лојални потрошувачи, Deals за новите потрошувачи, мали вниманија за роденден и сопствена лојална картичка - сѐ ова се совршени помагала за да ја зацврстите врската меѓу клиентот и неговиот фризер.

Пекара

Пекара

Пекара

Вообичаено е истите потрошувачи да пазаруваат кај истиот пекар неколку пати во неделата. Но, честопати супермаркетите и дисконтите во близина претставуваат силна конкуренција, бидејќи и најлојалните потрошувачи може да бидат заведени да купуваат кај нив. Со лојална картичка, која нуди и дополнителни предности надвор од сопствената пекара, како на пример Cashback во другите продавници во околината, ќе се зајакне довербата меѓу купувачот и продавачот. Со анкети за задоволство на потрошувачите и со анализата на прометот од потрошувачите, ќе биде многу едноставно да ги исполните желбите на клиентите и да понудите соодветни сезонски понуди.

Цвеќара

Цвеќара

Цвеќара

Цвеќињата, растенијата и придружните материјали можеби не се секојдневна потреба, но затоа пас се едни од поубавите нешта во животот. Цвеќарниците треба да причинат радост - специјални понуди како и Cashback во сопствениот локал и кај други Трговски партнери е соодветниот поттик за Вашите лојални потрошувачи, почесто да купуваат кај Вас. Воедно, и редовните потсетувања во форма на Newsletter им помагаат на потрошувачите, да се израдуваат себе си и другите почесто. А радоста е заразна, исто како и специјалните Deals за новите потрошувачи.

Ресторант

Ресторант

Ресторант

Јадењето и пиењето служат пред сѐ, да ги задоволат основните човекови потреби. Но, да се седне некаде на ручек или да се ужива во вечера во ресторан, тоа веќе се смета за луксуз, којшто не си го дозволуваме често. Но, не мора да биде така - со неделните понуди, кои ќе ги нудите на деновите кога немате многу гости како и со специјалните Deals за славеници на роденден, лесно ќе ги анимирате постоечките и новите потрошувачи да дојдат и да го посетат Вашиот ресторан. Со добро обмислена лојална програма, секој ден ќе Ви биде полно во ресторан.

Бутик

Бутик

Бутик

Има многу бутици за гардероба, конкуренцијата е навистина голема. Затоа е многу важно да се диференцира и издвои бутикот и да преживее и покрај купувањето онлајн. Со сопствена лојална картичка, која нуди предности како и сезонски понуди или повеќе Cashback за старата колекција, лесно ќе се издвоите од масата на други бутици. А ако Вашите клиенти и покрај сѐ, одат да купуваат на друго место, но во Cashback World? За Вас тоа не е никаков проблем, бидејќи и Вие профитирате од прометот, што ќе го направат членовите, што Вие сте ги регистрирале.

Фитнес центар

Фитнес центар

Фитнес центар

На почетокот на годината е најлесно да се добијат нови членови во фитнес центарот, бидејќи претходно сите си направиле новогодишни ветувања. Но, тешко е да се биде истраен и потоа. Со добро обмислено управување на односите со клиентите, имате можност тековно да ги мотивирате лојалните потрошувачи. Редовни Newsletters со совети за фитнес и исхрана, понуди за суплементи во исхраната или приватен тренер, како и дополнителен Cashback при склучување на годишна претплата се само неколку опции за да ја одржувате мотивираноста и бројот на вежбачите.

Автомаханичарска работилница

Автомаханичарска работилница

Автомаханичарска работилница

Ретко се посетува автомеханичар за убаво. Најчесто се оди зошто нешто му е на автомобилот и тоа треба да поправи и чини пари. Веднаш ќе ја направите посетата попријатна, со тоа што на Вашите клиенти, ќе им понудите лојална картичка со која не само што ќе имаат предности кај Вас, туку и кај многу други даватели на услуги и продавници во Cashback World. Ќе ги потсетите Вашите клиентите кога им е следниот сервис преку автоматизиран Newsletter, а со Deals за специјални додатоци и опрема, ќе остварите дополнителна продажба. А ако сакате да им покажете на Вашите потрошувачи, дека им го цените мислењето, испратете им анкети за мерење на задоволството и реагирајте на нивните најчести желби. За Вас има уште една додадена вредност: Вие профитирате од купувањата во Cashback World што ќе ги направат членовите, коишто Вие сте ги регистрирале. Па и Вие ќе имате корист, кога автомобилите на Вашите клиенти се во возна состојба, бидејќи така ќе може со нив да одат во шопинг.

Илјадници претпријатија во светот веруваат во Cashback World Partner Програмите

Претпријатија од најразлични големини во целиот свет ги препознаваат предностите од соработката со Cashback World. Позитивниот фидбек од нашите потрошувачи ни кажува дека нашата понуда го обезбедува посакуваниот успех.

 

Петер Афенцелер

Дестилерија за виски

Нашите клиенти имаат големи очекувања од нашите вискија. Бидејќи им ги исполнуваме очекувањата, а истовремено им нудиме и предности при купувањето, креиравме силна лојалност меѓу нив. Горди сме, што сме партнер на Casback World.
повеќе
 

Патрик и Вили Кек

Сервис за автомобили и трговија

Соработуваме со Cashback World уште од 2007 г. и никогаш не се покајавме за оваа одлука. Сте стекнавме со В2В партнери во цела Австрија и многу го проширивме кругот на клиенти.
повеќе
 

Matthias Gassner

Хотели и Угостителство

Веќе со години успешно работам со Cashback World Иновативните технологии на Cashback World Retail како и стручното знаење на вработените ме поддржуваат во мојата секојдневна работа.
повеќе

Контакт

Започнете сега

  • Стекнете нови и лојални потрошувачи.
  • Проширете го кругот на потрошувачи
  • Зголемете ја продажбата и профитот

Станете партнер сега

или

Стапи во контакт
*Цени без ДДВ